Надзорниот одбор е работно тело кое брои од три до седум членови. Членовите во надзорниот одбор се избираат од сопствениците на посебните делови. Пријавувањето за учество во надзорен одбор е на доброволна основа. Во ситуација кога имаме повеќе пријавени кандидати за учество во надзорен одбор, изборот на членовите за во надзорен одбор се врши со гласање.
Обврски на надзорниот одбор:
- членовите на надзорниот одбор се собираат повеќе пати во годината , состаноците на надзорниот одбор ги закажува претседателот на надзорниот одбор, известувањата за состанокот на надзорен одбор се поставуваат на огласна табла и до управителот, на состаноците е дозволено присуство и на други сопственици на посебни делови од станбениот објект, записникот од одржаниот состанок се поставува на огласна табла и еден примерок се доставува до управителот
- надзорниот одбор, ги разгледува предлозите доставени во писмена форма од управителот и сопствениците на посебните делови кои треба да придонесат во подобрување на управувањето, функционирањето и одржувањето на станбениот објект
- предлог- одлуките кои ќе ги одобри надзорниот одбор се доставуваат на разгледување до сите сопственици на посебни делови и се бара нивно изјаснување по предлог одлуките со потпишување на изјави или по пат на гласање на претходно закажан состанок на сопствениците на посебните делови- надзорниот одбор заедно со управителот го припремаат едно- годишниот и повеќе- годишниот предлог план за одржување на станбениот објект
- надзорниот одбор има право да ја контролира работата на изведувачите во станбениот објект кои вршат работи поврзани со одржување и работата на управителот.
Домар е работник кој е вработен во фирма која нуди услуги за тековно одржување на станбени објекти. Од домарот се бара да има општи технички познавања од повеќе области за да може да одговори на потребите за тековно одржување на станбените објекти. Услугата домар треба да понуди: ситни електричарски услуги , ситни браварски услуги, ситни молеро - фарбарски услуги и ракување со машини за уредување на околината на станбениот објект. Домарот треба да води грижа за нормално функционирање на станбениот објект со тоа што ги одстранува неисправностите кои се во негова надлежност. За поголемите неисправност или неисправности кој не се во негова надлежност го известува Управителот кој е должен да обезбеди стручно оспособен изведувач за отстранување на неисправноста.
Задолженија на домарот се:
- да врши контрола на исправноста на осветлувањето во заедничките простории (замена на неисправни светилки и прекинувачи, подесување на сензорот за осветлувањето)
- контрола на водоводната и канализациската мрежа која поминува низ заедничките простории
- контрола на исправноста на лифтот, домофонот
- извршување на ситни браварски услуги (поправка или промена на механизмите на влезните врати)
- ситни молеро - фарбарски услуги
- уредување на функционалното земјиште кое му припаѓана на станбениот објект (уредување на паркови и зеленило, собирање на паднатите листови од дрвата есенскиот период , чистење на снегот и посипување на сол на пешачките патеки до влезот во станбениот објект)
Управувањето преставува спроведување на одлуките кои што ги донесуваат сопствениците на посебние делови од станбениот објект во согласност со Законот за домување , а се однесуваат на подбрување на управувањето , функционирањето и одржувањето на станбениот објект.
Основни обврски на управителот:
- управителот е должен да го организира реализирањето на одлуките
- сите трошоци кои се поврзани со управувањето, функционирањето и одржувањето на станбениот објект, управителот ги распределува на сопствениците на посебните делови
- управителот се грижи сите сопственици на посебни делови да учествуваат во поделбата на трошоците
- испраќа опомени до сопствениците кои не го подмируваат навремено својот дел со кој учествуваат во поделба на вкупните трошоци за станбениот објект
- управителот се грижи за изготвување на краткорочен и долгорочен план за одржување на станбениот објект во соработка со надзорниот одбор и одобрен од мнозинството на сопственици на посебни делови
- распишува тендер за поголеми инвестициони одржувања, избира изведувач во соработка со надзорниот одбор и врши надзор на работата на изведувачите
- ја превзема грижата во случај на потреба од итни интерванции да обезбеди изведувач за одстранување на дефектот
- врши надзор на работата на домарот , чистачката, сервисот за одржување на лифт и други изведувачи
© Copyright 2022 Urbansoliter.com Joomla Templates by JoomDev