УРБАНСОЛИТЕР

Димитар Влахов 14

(зграда Кјуби)

046/264-801

  • URBANSOLITER
  • URBANSOLITER
  • URBANSOLITER
  • URBANSOLITER

Елктронскиот медиум на комуникација е главното одбележје  на овој век, кој овозможува голем и брз пренос на информации во кратко време.  Користењето на електронската пошта има три големи придобивки. Првата и најголема придобивка е, давањето придонес кон зачувување на животната средина и животните ресурси преку намалувањето на потрошувачката на хартија. Другата придобивка е економската страна,нема  финансиски трошоци за достава на поштата. Третата придобивка е можноста да ја испраќаме во секое време и доставата на електронската пошта е најбрза достава . Можностите за не извршување на доставата на електронската пошта се минимални. За повторно испраќање на електронската пошта немаме никакви трошоци.

За обична достава на поштата, потребни се неколку денови додека стигне поштата од испракачот до примачот.  За да се изврши достава на обична пошта потребно е:  хартија , боја за печатење, поштенско плико, поштенсака марка, поштенски службеници , моторизиран превоз од место на испракање  до место на достава . Имаќи во предвид, дека при обична достава на поштата нема гаранција за сигурна достава . Постојат  повеќе можности, да не се изврши доставата на поштата. При не извршена достава на поштата, постапката треба да се понови, со тоа и трошоците се зголемуваат за доставување на поштата.