Управување со станбени и деловни објекти
Функцијата управител е новитетот кој произлегува од новиот Закон за домување. Фирмата е подготвена за извршување на задолженијата во согласност со Законот и одлуките од Советот на сопственици.
Управување со станбени објекти
Понудувајќи ви стручно и транспарентно управување со сите видови станбени објекти ќе ви овозможиме безгрижен престој во вашиот дом и добро уредена околина.
Управување со деловни објекти
Под наше управување вашиот деловен објект секогаш ќе биде уреден, а вие ќе можете потполно да се посветите на вашите работни обврски.
Управувањето со станбени и деловни објекти ги содржи следните услуги:
Стручно технички услуги
- преглед на објектот и употребливото земјиште и збирање податоци за потребните работни активности за одржување и реновирање
- подготовка на план за одржување на објектот, план со динамика за спроведување на планот за одржување и грижа за спроведување на планот за одржување
- објавување на тендер за поголемите одржувачки работи и собирање на понуди
- издавање на работен налог за малите одржувачки работи
- избор на најдобрите понуди за големите одржувачки работи во согласност со сопствениците на становите и деловните простории
- организација и вршење надзор при извршување на поголеми одржувачки работи
- грижлив избор и вршење надзор на подизведувачите
- грижа за одстранување на дефектите настанати во гарантен рок
- понуда на дежурна служба за интервенциски поправки во тек на 24 часа дневно
- пријавување на настанатите штети во заедничките делови, простории и апарати кои ги обесштетува по основ на договор осигурителната компанија, како и организирање комисиски преглед
- водење на предметите за обесштетување со осигурителната компанија
Организациско административни услуги
- водење евиденција на сопствениците и наемниците на становите и деловните простори во станбените и деловните објекти
- водење на евиденција за сите заеднички делови, простории и апарати
- архивирање на сите документи
- организирање собир на сопственици, информирање и помагање при донесување на одлуки
- координирање и следење на извршувањето на донесените одлуки и известување на сопствениците на становите и деловните простории
- изработување на годишен извештај за управувањето со објектот
- давање информации на сопствениците и поднаемниците на становите и деловните простории
- посредување за податоци на управните служби за потребите за водење регистар на недвижнини
Финансиско сметководствени услуги
- подготвување пресметка на трошоците кои се во согласност со договорот за управување и распределување на трошоците помеѓу сопствениците на посебните делови
- изработка и достава на пресметките
- примање на уплати на сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и плаќање на обврските од договорите склучени со подизведувачите
- предупредување на сопствениците и поднаемниците на становите и деловните простории за неплатените сметки и превземање активности за наплата на неплатените сметки
- припрема на документација за решавање на споровите пред надлежен судски орган
- извршување на книговодствени и финансиско-сметководствени работи
- изработка на Законски предвидени годишни завршни пресметки
- изработување на финансиски извештај за објектот
- во име на сопствениците на становите и деловните простории вршиме склучување на договор за осигурување на објектот и неговите заеднички простории и апарати
- во име на сопствениците на становите и деловните простории вршиме склучување на договор за изведба на работи потребни за редовно одржување во рамките на добиените овластувања
- собирање на средствата за резервниот фонд во согласност со Законот за домување и одлуките на советот на сопствениците
Правни услуги
- застапување на сопствениците на посебните делови во рамките на дадените овластувања пред судските и управните органи
- изработување на договор за меѓусебните правни односи за објектот
- понудување на правна помош и советување за управување со заедничките простории, делови, апарати и околината која и припаѓа на објектот