Одржување на станбените и деловните објекти
За да можете нормално да ги користите заедничките простории, делови и апарати во станбените и деловните објекти потребно е одржување на техничката исправност на истите. Во договорените рокови и квалитетно ги извршуваме сите одржувачки работи, кои заедно со станарите сме ги предвиделе во годишниот план за одржување.
Тековни - редовни одржувања
- поправка на малите неисправности во заедничките делови, простории и апарати (врата, сензори, домофони, лифтови, светилки, алармни уреди и др.)
- надзор на функционалноста на противпожарната опрема, топлотната станица, водоводната инсталација и канализација
- надзор на употребата на заедничките простории и по потреба координација со повластени претставници
- преглед на објектот, по потреба планирање на потребните одржувачки работи и реновирања.
Периодично - серисно одржување
Сервисните работи опфаќаат периодичен стручен надзор на работењето и отстранување на дефектот и по потреба заменување на апаратите
- лифтовите за луѓе и лифтовите за товар
- топлотните и хидрофорните станици
- системите за климатизација и вентилација
Големината на работите за одржување на објектите ги донесуваат сопствениците сами, пришто им нудиме стручна помош.
Генерално одржување - реновирање
Се грижиме за целосно реновирање на вашите објекти: од идеја, преку нацрт до изведба.
- нудиме целосен инжинеринг при реновирањето
- советуваме во поглед на техничкото извршување на реновирањето
- припремаме предлог на средствата и вршиме збирање на финансиските средства
- го избираме најповолниот изведувач
- вршиме надзор над работите поврзани со реновирањето
Одржување на станови и деловни простории
На сите наши станари им обезбедуваме брза помош при работи поврзани со одржување и реновирање на станови, мали и големи поправки во становите. Решение за сите мали и големи работи на едно место
- столарски работи
- водо-инсталатерски работи
- електро-инсталатерски работи
- градбени работи (рушење, ѕидање, малтерисување)
- керамичарски работи
- молерски работи
- стручна и техничка помош