Чистење на станбени и деловни објекти
Заштедете и време и пари, дозволете ние да работиме за вас. Грижата за хигиената во вашите простории нека биде наша обврска.
Чистење на станбени објекти
Обемот и интензитетот на чистењето на заедничките простории во станбените објекти ги извршуваме договорно.
Палета на услугите што ги нудиме е:
- суво и влажно чистење на скали и ходници
- суво и влажно чистење на влезови и лифтови
- чистење на огради од скали и сите застаклени површини
- чистење на патеки околу станбениот објект
- чистење на одлагалиштето на комунален отпад и околината околу него
Чистење на деловни објекти
Со нашите услуги за чистењето и со грижата за санитарна и тоалетна опрема ви помагаме:
- да заштедите време
- да добиете квалитетна услуга прилагодена на вашите желби и потреби
- да добиете поволно и квалитетно чистење и грижа за вашите простори
Палета на услуги кои ги нудиме:
Санитарии дневно
- празнење на кошеви за отпадоци и нивно носење до контејнери за отпадоци
- поставување на тоалетна хартија, хартиени бришачи, сапуни, освежувачи за воздух
- бришење рачките од вратите и вратите
- чистење огледала, мијалници и плочките на зидовите
- чистење и дезинфекција на WC школки и писоари
- влажно бришење на под
Санитарии месечно
- темелно чистење на врати
- темелно чистење на ѕидна керамика
- чистење на вентилациски решетки
- отстранување на пајажина
- темелно чистење на радијатори
Скали и ходници дневно
- метење и збирање на ѓубрето, празнење на кошевите за отпадоци
- бришење на влезните врати
- влажно бришење на под
- бришење на прашина од површини досегливи за рака и чистење на внатрешни стаклени површини
Скали и ходници месечно
- бришење на штекови и прекинувачи
- отстранување на пајажина
- темелно чистење на радијатори
- темелно чистење на огласни табли и огради
Канцеларии дневно
- празнење на кошеви за отпадоци
- бришење на слободните работни површини (маси, столици и клупи)
- бришење на канцелариски инвентар (работни светилки за на маса, телефони, монитори, компјутерски куќишта, печатари, полици ...)
- бришење на рачките од вратите и вратите
- метење со правосмукалка и влажно чистење на под
Канцеларии месечно
- темелно чистење на вратите
- темелно чистење на надворешноста на канцелариски мебел
- чистење на штековите и прекинувачите
- отстранување на пајажина
- темелно чистење на радијатори
Канцеларии на половина година
- чистење на прозорци (ПОД ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ВИСОКИ ЗГРАДИ)
Канцеларии годишно
- чистење на светилки (високо монтирани лустери, растери и плафоњерки)
- перење на подните облоги (по посебен договор)
Чистење на дом
Обемот и интензитетот на чистење се извршува врз основа на договор, со кој се опфатени и видот на услугите.
Дел од палетата на услуги се:
- суво и влажно бришење на под
- чистење со правосмукалка
- отстранување на пајажина
- бришење прашина по надворешноста на мебелот, стаклени витрини, полици ...
- бришење прозорци
- бришење на стаклени површини
- чистење на санитарни простории