Упатство за користење на е-Услуги
Упатство за користење на услугата е-Управител
Услугата е-Управител ви овозможува пристап до сите заеднички документи кој се однесуваат на објектот каде се наоѓа Вашиот станбен или деловен простор. Преглед на сите активности:
-планирани активности,
-извршени услуги,
-преглед на материјални трошоци,
-поднесени барања и предлог одлуки и др.
За да можите да ја користите услугата е-Управител мора да креирате корисничко име.
- Треба да пристапите на паѓачкото мени од е-Услуги,
- Го бирате менито е-Управител и се отвара ново паѓачко мени
- Го бирате линкот креирај корисничко име.
- Со креирањето на корисничко име се испраќа барање за е-Управител.
- Потребно е да ги исполните сите полиња од образецот.
- Да се запознаете со Општите услови за користење на електронски медиуми за комуникација со Урбан Солитер.
- Потребно е да дадете согласност за Изјавата во образецот, со активирање на дугмето Во целост се согласувам со подолу наведената изјава.
- Со активирање на дугмето Испрати копија до вас, ќе биде испратено Барането за е-Управител и на Вашата електронска адреса.
- Со активирање на копчето Испрати, се врши испраќање на Барњето за е-Управител.
- На Вашата електронска адреса во рок од неколку работни дена ќе добиете корисничко име и шифра.
- Во паѓачкото мени е-Услуги го бирате паѓачкото менито е-Управител, па линкот Најави се.
- Со успешно најавување на страната ќе пристапите до документите кои се однесуваат на Вашиот објект.
Упатство за користење на услугата е-Фактура
Услугата Барање за е-Фактура, преставува, Ваше барање испратено до фирмата УрбанСолитер, за доставување на фактурите за извршени услуги во електронски облик на Ваша електронска адреса.
- Во менито е-Услуги, со избор на копчето Барање за е-Фактура, влегувате на страна каде се наоѓа образец, кој преставува барање за да можете фактурите да ги добивате во електронски облик.
- Потребно е да ги исполните сите полиња од образецот.
- Да се запознаете со Општите услови за користење на електронски медиуми за комуникација со Урбан Солитер.
- Потребно е дададете согласност за Изјавата во образецот, со активирање на дугмето Во целост се согласувам со подолу наведената изјава.
- Со активирање на дугмето Испрати копија до вас, ќе биде испратено Барането за е-Фактура и на Ваша електронска адреса
- Со активирање на копчето Прати, се врши испраќање на Барњето за е-Фактура.
Упатство за користење на услуга е-Сметка
- За да можете да ја користите услугата е-Сметка, мора да испратите Барање за е-Фактура (барање за електронска достава на фактурите)
- Сите корисници со испраќање на Барање за е-Фактура, ќе добијат на својата електронската адреса, корисничко име и лозинка.
- Во менито е-Услуги, со избор на копчето е-Сметка, влегувате на страна, каде пишува ,,Добредојдовте на Вашата е-Сметка 20˝ , треба да се внесат корисничко име и лозинка, што сте ги добиле на вашета електронска адреса и го избирате копчето за најава.
- Со успешно извршена најава влегувате на страна каде имате преглед на сите ваши фактури (платени и не платени).
- Од овде имате можност:
- да ја платите фактурата која сте ја избрале,
- да ја погледнете содржината на фактурата,
- да ја превземите фактурата,