Упатство за користење на услугата е-Управител
Услугата е-Управител ви овозможува пристап до сите заеднички документи кој се однесуваат на објектот каде се наоѓа Вашиот станбен или деловен простор. Преглед на сите активности:
-планирани активности,
-извршени услуги,
-преглед на материјални трошоци,
-поднесени барања и предлог одлуки и др.
За да можите да ја користите услугата е-Управител мора да креирате корисничко име.
- Треба да пристапите на паѓачкото мени од е-Услуги,
- Го бирате менито е-Управител и се отвара ново паѓачко мени
- Го бирате линкот креирај корисничко име.
- Со креирањето на корисничко име се испраќа барање за е-Управител.
- Потребно е да ги исполните сите полиња од образецот.
- Да се запознаете со Општите услови за користење на електронски медиуми за комуникација со Урбан Солитер.
- Потребно е да дадете согласност за Изјавата во образецот, со активирање на дугмето Во целост се согласувам со подолу наведената изјава.
- Со активирање на дугмето Испрати копија до вас, ќе биде испратено Барането за е-Управител и на Вашата електронска адреса.
- Со активирање на копчето Испрати, се врши испраќање на Барњето за е-Управител.
- На Вашата електронска адреса во рок од неколку работни дена ќе добиете корисничко име и шифра.
- Во паѓачкото мени е-Услуги го бирате паѓачкото менито е-Управител, па линкот Најави се.
- Со успешно најавување на страната ќе пристапите до документите кои се однесуваат на Вашиот објект.