About the moment

Наша Цел

Станбениот фонд во Македонија долги години се наоѓа во криза. Како резултат на тоа се влошени условите за нормално живеење. Ќе ги наброиме само најосновните проблеми:

- неосветлени влезови, ходници и скали

- уништени влезни врати и поштенски сандачиња

- неисправни лифтови

- скршени прозорци

- ходници испишани со графити

Сите си посакуваме да можеме без чувство на страв да се вратиме во подоцните часови. Да ги избегнеме средбите со непознати луѓе во темните влезови. Нашата пошта да не ја собираме по целиот влез. Кога во рацете имаме товар си помислуваме, ах да работеше лифтот.

Ние ќе ви помогнеме за да го вратите вистинскиот изглед, сигурноста и топлината на вашата зграда. Основањето на фирма за управување со станбени објекти е последица на најновите случувања и промени во областа на домувањето. Нашата главна цел е да ја добиеме довербата на станарите, да го вратиме вистинскиот изглед на станбените објекти, да ја вратиме убавината и среденоста во градот.