Ваш најдобар сосед !

 

Во годините што изминаа и денес, многу е мала грижата за станбените и деловните објекти. Оставени на забот на времето, се влошуваат условите за нивно нормално користење и многу брзо ја губат својата вредност на пазарот. Истото ќе се случи и со новите објекти, ако не се направат промени.

Фирмата Урбан Солитер извршува работи поврзани со управување, одржување и чистење на станбени и деловни објекти. Понудените услуги ќе им обезбедат на сите наши побарувачи пријатни услови за живеeње, работење и извршување на нивните секојдневни задачи. Водиме грижа за беспрекорно работење и долготрајно зачувување на вредноста на станбените и деловните објекти. Повремените оштетувања и дефекти ги отстрануваме брзо и стручно.

Новиот Закон за домување дава можност да се погрижиме за објектите. Со заедничка помош да ги вратиме условите за нормално користење, безбедност, топлина и нивна вистинска вредност на пазарот.