- управување
- одржување
- чистење

на станбени и деловни простории

Со нашите услуги ќе добиете

пријатни услови за живеeње, работење и извршување на нивните секојдневни задачи

Да го вратиме вистинскиот изглед на станбените објекти, да ја вратиме убавината и среденоста во градот!

- пристап до сите заеднички документи
- преглед на извршени услуги
- преглед на материјални трошоци

- поднесување на барање за добивање на фактурите за извршени услуги на Ваша електронска адреса

- преглед на вашите платени и не платени фактури
- избор на фактурите кои сакате да ги платите
- елктронско плаќање на вашите фактyри

arrow
arrow
About The JD Chicago

Ваш најдобар сосед !

 

Во годините што изминаа и денес, многу е мала грижата за станбените и деловните објекти. Оставени на забот на времето, се влошуваат условите за нивно нормално користење и многу брзо ја губат својата вредност на пазарот. Истото ќе се случи и со новите објекти, ако не се направат промени.

Фирмата Урбан Солитер извршува работи поврзани со управување, одржување и чистење на станбени и деловни објекти. Понудените услуги ќе им обезбедат на сите наши побарувачи пријатни услови за живеeње, работење и извршување на нивните секојдневни задачи. Водиме грижа за беспрекорно работење и долготрајно зачувување на вредноста на станбените и деловните објекти. Повремените оштетувања и дефекти ги отстрануваме брзо и стручно.

Новиот Закон за домување дава можност да се погрижиме за објектите. Со заедничка помош да ги вратиме условите за нормално користење, безбедност, топлина и нивна вистинска вредност на пазарот.

НАШИ УСЛУГИ

Управување

Заедно можеме да бидеме добри домаќини.

Одржување

Одржување на станбените и деловните објекти.

Чистење

Чистење на станбени и деловни објекти.

Уредување

Уредување на околината

  • Управување
  • Одржување
  • Чистење
  • Уредување

Уредување на околината

Секој ден вршиме преглед и одржување на хигиената во и околу објектот. Ја одржуваме околината на контејнерите за отпадоци и ги припремаме за одвоз. Организираме пролетно и есенско генерално чистење на околината. Се грижиме за редовно празнење на кошевите за отпадоци. Вршиме навремено чистење на снегот од плочникот пред објектот и патеките околу објектот. Со претходен посебен договоробезбедуваме чистење на снегот на паркинг просторот.

- градинарски работи (одржување на паркови и зеленило)

- уредување на просторот за игра и рекреација

- есенска служба (собирање на паднатите листови)

- зимска служба (чистење на снег и посипување сол)

Чистење на станбени и деловни објекти

Заштедете и време и пари, дозволете ние да работиме за вас. Грижата за хигиената во вашите простории нека биде наша обврска.

Чистење на станбени објекти

Обемот и интензитетот на чистењето на заедничките простории во станбените објекти ги извршуваме договорно.

Палета на услугите што ги нудиме е:

- суво и влажно чистење на скали и ходници

- суво и влажно чистење на влезови и лифтови

- чистење на огради од скали и сите застаклени површини

- чистење на патеки околу станбениот објект

- чистење на одлагалиштето на комунален отпад и околината околу него

Чистење на деловни објекти

Со нашите услуги за чистењето и со грижата за санитарна и тоалетна опрема ви помагаме:

- да заштедите време

- да добиете квалитетна услуга прилагодена на вашите желби и потреби

- да добиете поволно и квалитетно чистење и грижа за вашите простори

Палета на услуги кои ги нудиме:

Санитарии дневно

- празнење на кошеви за отпадоци и нивно носење до контејнери за отпадоци

- поставување на тоалетна хартија, хартиени бришачи, сапуни, освежувачи за воздух

- бришење рачките од вратите и вратите

- чистење огледала, мијалници и плочките на зидовите

- чистење и дезинфекција на WC школки и писоари

- влажно бришење на под

Санитарии месечно

- темелно чистење на врати

- темелно чистење на ѕидна керамика

- чистење на вентилациски решетки

- отстранување на пајажина

- темелно чистење на радијатори

Скали и ходници дневно

- метење и збирање на ѓубрето, празнење на кошевите за отпадоци

- бришење на влезните врати

- влажно бришење на под

- бришење на прашина од површини досегливи за рака и чистење на внатрешни стаклени површини

Скали и ходници месечно

- бришење на штекови и прекинувачи

- отстранување на пајажина

- темелно чистење на радијатори

- темелно чистење на огласни табли и огради

Канцеларии дневно

- празнење на кошеви за отпадоци

- бришење на слободните работни површини (маси, столици и клупи)

- бришење на канцелариски инвентар (работни светилки за на маса, телефони, монитори, компјутерски куќишта, печатари, полици ...)

- бришење на рачките од вратите и вратите

- метење со правосмукалка и влажно чистење на под

Канцеларии месечно

- темелно чистење на вратите

- темелно чистење на надворешноста на канцелариски мебел

- чистење на штековите и прекинувачите

- отстранување на пајажина

- темелно чистење на радијатори

Канцеларии на половина година

- чистење на прозорци (ПОД ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ВИСОКИ ЗГРАДИ)

Канцеларии годишно

- чистење на светилки (високо монтирани лустери, растери и плафоњерки)

- перење на подните облоги (по посебен договор)

Чистење на дом

Обемот и интензитетот на чистење се извршува врз основа на договор, со кој се опфатени и видот на услугите.

Дел од палетата на услуги се:

- суво и влажно бришење на под

- чистење со правосмукалка

- отстранување на пајажина

- бришење прашина по надворешноста на мебелот, стаклени витрини, полици ...

- бришење прозорци

- бришење на стаклени површини

- чистење на санитарни простории

Управување со станбени и деловни објекти

Функцијата управител е новитетот кој произлегува од новиот Закон за домување. Фирмата е подготвена за извршување на задолженијата во согласност со Законот и одлуките од Советот на сопственици.

Управување со станбени објекти

Понудувајќи ви стручно и транспарентно управување со сите видови станбени објекти ќе ви овозможиме безгрижен престој во вашиот дом и добро уредена околина.

Управување со деловни објекти

Под наше управување вашиот деловен објект секогаш ќе биде уреден, а вие ќе можете потполно да се посветите на вашите работни обврски.

Управувањето со станбени и деловни објекти ги содржи следните услуги:

Стручно технички услуги

- преглед на објектот и употребливото земјиште и збирање податоци за потребните работни активности за одржување и реновирање

- подготовка на план за одржување на објектот, план со динамика за спроведување на планот за одржување и грижа за спроведување на планот за одржување

- објавување на тендер за поголемите одржувачки работи и собирање на понуди

- издавање на работен налог за малите одржувачки работи

- избор на најдобрите понуди за големите одржувачки работи во согласност со сопствениците на становите и деловните простории

- организација и вршење надзор при извршување на поголеми одржувачки работи

- грижлив избор и вршење надзор на подизведувачите

- грижа за одстранување на дефектите настанати во гарантен рок

- понуда на дежурна служба за интервенциски поправки во тек на 24 часа дневно

- пријавување на настанатите штети во заедничките делови, простории и апарати кои ги обесштетува по основ на договор осигурителната компанија, како и организирање комисиски преглед

- водење на предметите за обесштетување со осигурителната компанија

Организациско административни услуги

- водење евиденција на сопствениците и наемниците на становите и деловните простори во станбените и деловните објекти

- водење на евиденција за сите заеднички делови, простории и апарати

- архивирање на сите документи

- организирање собир на сопственици, информирање и помагање при донесување на одлуки

- координирање и следење на извршувањето на донесените одлуки и известување на сопствениците на становите и деловните простории

- изработување на годишен извештај за управувањето со објектот

- давање информации на сопствениците и поднаемниците на становите и деловните простории

- посредување за податоци на управните служби за потребите за водење регистар на недвижнини

Финансиско сметководствени услуги

- подготвување пресметка на трошоците кои се во согласност со договорот за управување и распределување на трошоците помеѓу сопствениците на посебните делови

- изработка и достава на пресметките

- примање на уплати на сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и плаќање на обврските од договорите склучени со подизведувачите

- предупредување на сопствениците и поднаемниците на становите и деловните простории за неплатените сметки и превземање активности за наплата на неплатените сметки

- припрема на документација за решавање на споровите пред надлежен судски орган

- извршување на книговодствени и финансиско-сметководствени работи

- изработка на Законски предвидени годишни завршни пресметки

- изработување на финансиски извештај за објектот

- во име на сопствениците на становите и деловните простории вршиме склучување на договор за осигурување на објектот и неговите заеднички простории и апарати

- во име на сопствениците на становите и деловните простории вршиме склучување на договор за изведба на работи потребни за редовно одржување во рамките на добиените овластувања

- собирање на средствата за резервниот фонд во согласност со Законот за домување и одлуките на советот на сопствениците

Правни услуги

- застапување на сопствениците на посебните делови во рамките на дадените овластувања пред судските и управните органи

- изработување на договор за меѓусебните правни односи за објектот

- понудување на правна помош и советување за управување со заедничките простории, делови, апарати и околината која и припаѓа на објектот

Одржување на станбените и деловните објекти

За да можете нормално да ги користите заедничките простории, делови и апарати во станбените и деловните објекти потребно е одржување на техничката исправност на истите. Во договорените рокови и квалитетно ги извршуваме сите одржувачки работи, кои заедно со станарите сме ги предвиделе во годишниот план за одржување.

Тековни - редовни одржувања

- поправка на малите неисправности во заедничките делови, простории и апарати (врата, сензори, домофони, лифтови, светилки, алармни уреди и др.)

- надзор на функционалноста на противпожарната опрема, топлотната станица, водоводната инсталација и канализација

- надзор на употребата на заедничките простории и по потреба координација со повластени претставници

- преглед на објектот, по потреба планирање на потребните одржувачки работи и реновирања.

Периодично - серисно одржување

Сервисните работи опфаќаат периодичен стручен надзор на работењето и отстранување на дефектот и по потреба заменување на апаратите

- лифтовите за луѓе и лифтовите за товар

- топлотните и хидрофорните станици

- системите за климатизација и вентилација

Големината на работите за одржување на објектите ги донесуваат сопствениците сами, пришто им нудиме стручна помош.

Генерално одржување - реновирање

Се грижиме за целосно реновирање на вашите објекти: од идеја, преку нацрт до изведба.

- нудиме целосен инжинеринг при реновирањето

- советуваме во поглед на техничкото извршување на реновирањето

- припремаме предлог на средствата и вршиме збирање на финансиските средства

- го избираме најповолниот изведувач

- вршиме надзор над работите поврзани со реновирањето

Одржување на станови и деловни простории

На сите наши станари им обезбедуваме брза помош при работи поврзани со одржување и реновирање на станови, мали и големи поправки во становите. Решение за сите мали и големи работи на едно место

- столарски работи

- водо-инсталатерски работи

- електро-инсталатерски работи

- градбени работи (рушење, ѕидање, малтерисување)

- керамичарски работи

- молерски работи

- стручна и техничка помош

Локација - како полесно да не најдете?